
Милијардерот Епстајн навистина се самоубил
Резултатите од аутопсијата за причината за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење. Ова и официјално е потврдено од њујоршката патологија.
Аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места. Меѓу коските во неговиот врат, скршена била и подјазичната коска. Такви скршеници можат да се појават кај луѓе кои се обесиле или се удавиле, се вели во Медицинскиот извештај.
Но, оваа потврда е само одговор на едно прашање околу неговата мистериозна смрт. Останува неодговорено прашањето како затвореник со висок профил, познат по дружењето со моќни луѓе, вклучувајќи ги и претседателите Доналд Трамп и Бил Клинтон, во една од најбезбедните затворски установи во Америка бил оставен во позиција каде би можел да изврши самоубиство?
- Тоа ќе биде разгледано во поопширната истрага на ФБИ и Министерството за правда. Постојат многу неодговорени прашања во однос на тоа како тој бил набљудуван. Чуварите на неговата единица таа ноќ требаше да го проверуваат Епстејн на секој половина час. Но, тие не го сторија тоа и затоа сега се осомничени за лажирање на записите при влез и излез од ќелијата. Јавниот обвинител Вилијам Бар се заложи дека ќе ги најде сите оние луѓе кои можеби му помогнале на Џефри во неговата наводна сексуална трговија и сексуална злоупотреба на млади девојки. Обвинителот Бар вели и дека секој што бил соучесник или заговорник ќе треба да одговара и дека истрагата ќе продолжи, заклучува Мајкл Сисак, новинар на АП.
66-годишниот Епстајн минатата сабота околу 6 30 наутро беше пронајден мртов во својата ќелија во Казнено-поправниот центар Метрополитан односно затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против Епстајн се наведува дека тој намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.
Милијардерот Епстајн стана познат во јавноста откако излегоа сомнежи дека на неговиот остров во Девствените острови сесксуално злоставувал малолетнички. Но, истите им ги нудел на своите пријатели, познати бизнисмени, и политичари. Приватниот остров Литл сент Џејмс, во медиумите познат како „Остров на оргии“ или „Педофилски остров“ останува во фокусот на истрагата на полицијата.
Епстајн, беше обвинет за сексуално злоставување на малолетни деца и трговија со луѓе. но, пред да се рашири приказната, тој се обеси во својата ќелија користејќи ја затворската постелнина, која ја замотал околу вратот и ја прицврстил на горниот кревет на спрат.
Цеце Тодосовска