Месо од болни крави се извезува од Полска во Европа (видео)

Шокантни снимки доаѓаат од една кланица в Полска. Болни крави се криумчарат навечер во кланицата која се наоѓа во регионот Мазовиа. Животните се толку болни што едвај стојат на нозе. Трагичното е што месото од нив се испраќа на продажба без ветеринарна инспекција, пишува британски Гардијан. Колењето исто така се одвива без надзор на ветеринар, од болното месо се отстрануваат раните и тумурите предизвикани од долгото лежење на животните. Полска е еден од најголемите извозници на месо во ЕУ. Дури 80 % од јунешкото месо кое се произведува во оваа земја е наменето за извоз. По објавувањето на стравичните снимки, полската влада повика на итна реакција да ги извести земјите кои увезуваат јунешко месо од Полска.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ