
Меркел во Давос изрази “сериозни сомневања” во меѓународниот систем
Германската канцеларка Меркел изрази “сериозни сомневања” во меѓународниот систем, но истакна дека има простор за комромис и за реформи, за време на нејзиното ораќање на Светскиот економски форум во Давос. Забавниот економски раст во меѓународниот систем покажува опаѓање на стапката на раст која доведува до бројни пореметувања и неизвесности.
Таа ги повика меѓународни организации како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка да го одржат нивото на баланс на силите во светот. Главна тема на Самитот во Давос, каде се присутни околу 60 шефови на држави и влади, е Обликување на глобална архитектураво време на четвра индустриска револуција.
- Mораме да ја прифатиме новата реалност и реформите, но претстои нов пристап кој го гледаме денеска во светот, пристап којшто фрла сомнеж врз валидноста на меѓународниот систем. Тие велат дека „не треба да се грижиме за нашите сопствени интереси“, а потоа од тоа создаваат поредок кој е добар за сите, имам сериозни сомневања дека ова е вистинскиот начин. Мислам на нашите национални интереси – мислам дека секогаш треба да ги разбереме на таков начин на кој секогаш ги сфаќаме другите, кои исто така, имаат свои сопствени интереси, ги потврдуваат, а потоа ја создаваат вин-вин ситуација која ќе нè води во меѓународната политика, изјави Ангела Меркел, германски канцелар.