
Меркел: Нема да има решение по прашањето за мигрантите на самитот на ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека решението за прашањето за мигрантите на европско ниво нема да биде постигнато на претстојниот самит на лидерите на ЕУ, но, таа ќе продолжи да бара билатерални договори.
Нема да има решение за цел пакет за азилантите за сите седум директиви до петок, рече Меркел на заедничката прес конференција со шпанскиот премиер Педро Санчес додавајќи дека е потребно повеќе време се работи на двете директиви.
„Од таа причина зборував за работа со државите кои сакаат да работат на сите димензии на мигрантската политика, шпанскиот премиер говореше за надворешната димензија, а јас зборував за внатрешната димензија и во тој дух ќе имаме и натаму разговори во следните денови“, изјави Меркел.