Меркел и Трамп разговарале и за Западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарале, а меѓу темите бил и Западен Балкан, соопшти портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт без да открие други детали.

Зајберт рече дека двајцата лидери изразиле заедничка загриженост поради развојот на ситуацијата во Сирија, особено поради хуманитарната ситуација во регионот околу Идлиб.

Тој додаде дека Меркел и Трамп разговарале и за Украина, Западен Балкан и за трговија, но не откри никакви други детали.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ