
Меркел ги критикуваше германските виролози
Германската канцеларка Ангела Меркел, во разговор со премиери на покраини, за првпат јасно критикувала германски виролози, особено водечкиот виролог Кристијан Дростен и неговите постојаните промени во ставот наведувајќи го како пример неговото барање за затворање на границите, објави весникот „Билд“.
Таа цитирала негова изјава дека федералната полиција повеќе треба да оди да купува наместо пензионерите, наместо да ја штити границата, додека тој два дена подоцна поддржувал затворање граници и исто така го критикуваше Дростен за последната изјава која се однесува на опасноста од инфекција кај деца.
Дростен предупреди дека децата најверојатно се заразни како возрасните и бил против целосното отворање на училиштата и градинките а претходно, повикувајќи се на странски студии, Дростен тврдеше дека децата со помала веројатност се заразуваат од возрасните.
Според „Билд“, Меркел во врска со тоа изјавила дека повеќе не може да чека за усогласен поглед на науката.
Од другата страна пак портпаролот на германската Влада, Штефен Киберт, негираше дека Меркел претходно го критикувала вирологот Дростен.