Меркел: ЕУ и НАТО не се непријатели на Русија

Европската унија и НАТО не се непријатели на Русија, рече германската канцеларка Ангела Меркел за време на состанокот со студентите од Грузискиот државен универзитет во Тбилиси.

– Русија е важна земја и Германија сака да има добри односи со неа. Европа и Русија ефикасно соработуваат и учат едни од други, па затоа сакам да истакнам дека ЕУ и НАТО не се непријатели на Русија, рече Меркел.

Таа додаде дека го поддржува влезот на Грузија во НАТО, но, таа земја најверојатно нема наскоро да и се приклучи на Алијансата.

– Интеграцијата на Грузија во НАТО подразбира имплементација на договореното на самитот на НАТО, рече Меркел, додавајќи дека го поздравува активното учество во мировната мисија во Авганистан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ