Мекалистер: Не треба да е цел создавање етнички хомогени држави

Европскиот Парламент смета дека каков било договор меѓу Белград и Притшина може да биде прифатен само ако се договорат обете страни и ако се земе предвид стабилноста во регионот и меѓународното право, изјави синоќа известителот за Србија во ЕП Дејвид Мекалистер, истакнувајќи дека ЕП не е склон кон создавање етнички хомогени држави.

„Европскиот Парламент е запознат со дебатата која се однесува на можна корекција на границите меѓу Србија и Косово, вклучувајќи размена на територии“, изјави Мекалистер, но укажа дека европарламентарците се залагаат за „мултиетничка природа на Косово и Србија“.

Тој истакна дека во овој момент не е можно да се предвиди ниту содржината ниту датумот на можниот договор, пренесува Танјуг.

„За темите кои се на распоред во преговорите одлучуваат двете страни заеднички, а ЕУ дејствува како посредник. Можам само да ги охрабрам двете страни да продолжат на овој пат со предизвици“, наведе Мекалистер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ