
Меј се откажа од планот за итна владина седница за Брегзитот
Британската премиерка Тереза Меј беше принудена за денеска да ја откаже планираната владина седница за одобрување на договорот за Брегзит. Според владини извори, договорот не може да биде готов до утре, со што се намалува можноста во ноември да се одржи посебен самит на ЕУ за одобрување на договорот.
Меј одлучи да се откаже од седницата откако договорот беше загрозен од отпор во нејзината Влада, но и во Брисел. Плановите на Меј за Брегизт, во најголем дел беа прифатени во јули на маратонскиот состанок од 12 часа.
Но, веќе следниот ден двајца министри од нејзиниот кабинет си поднесоа оставки како протест на она што наводно беше договорено на состанокот. БИ Би Си, повикувајќи се на владини извори, пишува дека голем дел од министрите не го поддржувале планот на Меј за Брегзот, од самиот старт.
Наводно, сега Меј се обидува да го вразуми својот кабинет со цел да се одржи посебниот самит во Брисел закажан за крајот на овој месец.