
Меј предлага продолжување на преодниот период по напуштање на унијата
Велика Британија бара продолжување на транзицискиот период, по напуштањето на унијата. Премиерката Тереза Меј е категорична дека предложеното продолжување е за период од само неколку месеци. Главниот проблем во преговорите, во моментов е северноирската граница, односно тоа што и двете страни се обидуваат да избегнат поставување гранични премини меѓу Ирска и Северна Ирска. Поради тоа двете страни работат на т.н план Б според кој би се избегнале граничните контроли доколку не биде постигнат договор пред истекот на траницискиот период.
Претходно годинава дадовме предлог како да се справиме со ова прашање, дополнителна идеја која произлезе и во оваа фаза е се уште идеја, е да се создаде опција, да се продлжи имплементацискиот период за неколку месеци и единствено станува збор за месеци, рече Меј.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година а транзицискиот период, кој Меј преферира да го нарекува имплементациски, е замислен да го олесни преминот кон идните односи. До завршувањето на тој период, чиј краен рок е 31 декември 2020 година, треба да се утврдат односите меѓу Велика Британија и ЕУ и по тој датум тие воглавно остануваат непроменети. Што е и причината на притисокот од Брисел и ладниот прием на предлогот за продолжување.
На 29 март е крај. 29 март е последниот ден во кој Обединетото Кралство е член на ЕУ, затоа мора претходно да имаме договор, изјави луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел.
Критики за овој предлог на Меј пристигнаа и од Британија, од каде го нарекоа „последниот очаен потег“ со кој унијата се ослободува од поттикот да преговара за било што и му обезбедува моќ на Брисел да му наметне на Лондон се што ќе посака.
Игор Трајков