Меј не се откажува од планот од Чекерс за идните односи со ЕУ

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека нема алтернатива за нејзиниот потенцијален договор за условите за Брегзит. Таа ги предупреди застапниците на т.н. тврд Брегзит во нејзината партија од нерегулирано излегување од Европската унија: или ќе биде нејзиниот договор за Брегзит – или нема да има договор. Тереза Меј ги повика своите противници во Конзервативната партија да го поддржат т.н. „Чекерс“- план за излез на Велика Британија од ЕУ. За Би-Би-Си таа изјави „Мислам дека алтернативата ќе биде да немаме договор”.

„Вие рековте. Мислам дека рековте: Мој договор или никаков договор? Она што реков е дека верувам во добар договор. Кога ќе се вратиме од преговорите со ЕУ и ќе го отвориме тоа во парлемтот, алтернативата за тоа ќе биде неуспешна, бидејќи јас сметам дека нема да има преговори за тоа, бидејќи ние ја напуштаме ЕУ на 29 Март 2019“, рече Меј.

Мај е под притисок бидејќи преговорите со ЕУ околу излегувањето на Велика Британија, планирано за крајот на март 2019 година, се во застој. Го отфрли и предлогот на лондонскиот градоначалник за повторен референдум. Нејзините ставови се дека Велика Британија треба да оствари зона на слободна трговија со ЕУ и да задржи дел од заедничката регулатива. Соочена со поддржувачите на т.н. тврд Брегзит кои сакаат јасен прекин, па дури и се закануваат дека ќе дозволат да пропадне евентуалниот договор кој таа би го постигнала. Брегзитот се наметна како главна тема на претстојнбиот самит во Салзбург за што денеска разговараа Себастијан Курц, чија земја претседава со Советот на ЕУ и францискиот претседател Емануел  Макрон.

„Од витално значење е да можеме да постигнеме договор и во целост да бидат испочитувани правилата на кохезија и заштита на единствениот европски пазар, додека во исто време Велика Британија ќе го гарантира почитувањето на гласовите на своите граѓани“, рече Макрон.

„Во Салзбург ќе имаме две гласни теми на дневен ред: Прво, како што спомнавте, Брегзит. Мислам се согласуваме дека мораме да направиме се што е можно да одбегнеме суров Брегзит и да овозможиме да постои силна соработка меѓу Велика Британија и ЕУ, дури и откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ“, смета Курц.

На шест месеци пред излегувањето од ЕУ анкетата на ББЦ покажа дека и британската јавност е длабоко поделена. 50% од Британците сметаат Брегзитот ќе има негативно влијание, додека 41% мислат дека ќе биде позитивно. На прашањето на постапките на Британската влада, 79% од анкетиранитеречке дека владата лошѓо постапувала, а 63% дека грешките се на страната на Брисел.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ