Меј го откажа гласањето за договорот за Брегзит во Парламентот

Британската премиерка Тереза Меј реши да го откаже гласањето во Парламентот за договорот за Брегзит, што требаше да се одржи утре, затоа што, предлог договорот „би бил одбиен со значително мнозинство“. Откажувањето на гласањето разгневни голем број пратеници, особено од редовите на Ториевците. Во жестоката дебата која се разви во британскиот парламент, имаше повици за оставка од Меј, барања за нов референдум како и обвинувања дека Брегзитот го водат луѓе кои не веруваат во него. Меј соопштувајќи го одложувањето, не посочи датум кога тоа ќе се одржи, но рече дека мора да биде пред 21 јануари.

Слушајќи ги тие мислења јасно е дека има широка подршка за повеќе од клучните аспекти на договорот, на едно прашање, на едно прашање, Северноирскиот бекстоп опстојува широко распространета и длабока загриженост. Како резултат ако одиме на гласање утре договорот ќе биде одбиен со значително мнозинство. Затоа ќе го одложиме гласањето закажано за утре и да не продолжиме со поделбите во Парламентот, изјави таа пред пратениците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ