
Меј бара единство за Брегзит, но парламентот се обединува против неа
Неуспешниот обид да се испорача брегзит би бил катастрофално и непростливо изневерување на довербата во британската демократија, предупредува премиерката Тереза Меј. Нејзиниот повик следува откако група пратеници, од сите парламентарни партии подготвуваат законски измени со кои парламентот од владата ќе ја преземе водечката улога во напуштањето на унијата. Како што се приближува датумот за гласањето во Парламентот, британските медиуми се почесто излегуваат со извештаи од министерствата кои интензивно се подготвуваат за напуштање на унијата без договор со Брисел.
Парламентарците имаат одредени должности и една од нив е да ги спречат луѓето да направат национално самоубиство. Брегзит без договор е токму тоа и не може да им се спротистави на нашите забелешки, вели Доминик Грив, пратеник од Конзервативната партија и поранешен јавен обвинител.
Покрај тоа истата парламентарна група навести можност за нов референдум кога договорот на Меј ќе падне во парламентот.
Кога договорот на премиерката ќе биде поразен што друго би можеле да и понудиме на британската јавност, што би имало некаква доследност, освен да се вратиме назат и да ги прашаме да ја преиспитаат својата одлука, предлага Грив.
Основата на законските измени е промена во начинот на функционирање на парламентот, односно утврдувањето на дневниот ред, дебатите и предлагањето закони и амандмани. Доколку поминат измените тогаш владините предлози во парламентот нема да имаат предност во парламентот. Даунинг стрит 10 соопшти дека е запозната со обидот на пратеничката група и предупреди доколку помине предлогот, не само што владата ќе биде парализирана во парламентот туку и значително ќе ја ограничи во нејзината задача да управува со земјата.
Игор Трајков