
Медиумска глорификација на локалните власти на сметка на граѓаните
Кога се јавувате на телефонот на порталот Јужен Банат, автомат одговара дека претплатникот не може да прима повици. Тоа не би било чудно да не станува збор за портал кој е апсолутен победник на конкурсите за проектно кофинансирање на медиумски содржини во шест општини и два града во Јужен Банат. Еден од авторите на порталот „Панчево си ти“, Ненад Живковиќ вели дека сајтот Јужни Банат на тие конкурси …..вкупно околу 20 милиони динари и дека нивни оснивач е панчевската фирма Банат брифинг.
„Тоа е така лошо, затоа што тој Банат брифинг е една фантомска фирма за која не се познати податоци, освен оние кои се појавуваат во Агенцијата за стопански регистар. Никој од новинарите не ги запознал, ниту знае кои се уредници и сопственици, ниту новинарите се појавуваат на настани, а канцеларијата во Његошевата улица е постојано заклучена“, вели Ненад Живковиќ.
Проталот Јужен Банат е драстичен, но не и единствен пример за сериозна злоупотреба на трошење пари за проектно кофинансирање. Кофинансирањето на медиумите преку јавни конкурси почна да се спроведува во 2015 година, со цел да се намали влијанието на државата врз медиумите и да овозможи известување од јавен интерес. Но, праксата покажува дека работата на комисијата која одлучува за распределба на парите не е транспарентна и дека се воспоставува уште посилна контрола врз медиумите.
Тања Максиќ од Балканската истражувачка мрежа (БИРН) вели дека ја анализирале првата година од кофинансирањето на медиумските содржини и дека утврдиле дека конкурсот на Министерството за култура поминал без поголеми неправилности, додека локалните власти поддржувале белетристички содржини, главно, на медиумите кои се послушници на разни центри на моќ.
„За некои медиуми, особено оние кои се независни и кои имаат малку покритички став кон владата, што републичката, што на локалната, ова, всушност, е еден модел да ги дисциплинирате, односно да им ги ускратите финансиските средства и да ги натерате да се борат за голо преживување. За медиумите кои се лојални, кои сакаат да учествуваат во некој вид пропаганда, кои не прашуваат многу, за нив е ова многу добар модел за преживување и за пополнување на буџетот“, вели Тања Максиќ.
Светозар Раковиќ од Независното здружение на новинарите на Србија оценува дека проектното кофинансирање на медиумите, во пракса не функционира.
„Претворено е, со слободни зборови го велиме, во организиран криминален зафат. Има многу причини зошто го велиме ова. Од почетокот на 2015 година, кога законски е воведено кофинансирањето, до денес, ситуацијата е се полоша, има се повеќе злоупотреби, очигледни злоупотреби кои се веќе разбота за сериозна истрага“, вели Светозар Раковиќ.
Податоците на НУНС за 2017 година, покажуваат дека распишани се вкупно 147 јавни конкурси за информирање, на кои се распределени околу 11 милиони евра. Министерството за култура и информирање определи 255 милиони динари, додека локалните самоуправи издвоија речиси 972 милиони динари. Најголеми неправилности се забележани во големите градови. Ве Белград, минатата година, од вкупно 74 милиони наменети за кофинансирање на информирање од јавен интерес, приватната телевизија Студио Б и фирмите поврзани со неа, добиле 23 милиони. Милионски суми добија и компаниите кои се основани во време на распишување на конкурсот – Зофин и Фолим, што создава сомнеж дека со пари на граѓаните се подмируваат приватни, а не јавни интереси. Примерите на големите градови ги следеа и помалите градови и општини.
Веќе спомнатиот град Панчево, е интересен затоа што успешно го изигра законското решение кое предвидува еден медиум на име проектно кофинансирање да не може да добие повеќе од 23 милиони динари. Бидејќи до таа цифра се приближи приватизираната телевизија Панчево, според Ненад Живковиќ, парите им се доделени на штотуку формирани агенции.
„Во рок од десет дена формирани се три нови агенции во Брус, Белград и Чачак, кои на есенскиот дел од конкурсот добија уште околу 15,5 милиони за емисии кои требада се реализираат на ТВ Панчево. Сметките на тие агенции се користат за проток на пари, а нешто останува и на агенцијата како провизија за услугата“, рече Ненад Живковиќ, автор на порталот „Панчево си ти“.
Директорката на ТВ Форум Милева Малешиќ објаснува дека во Пријеполе најмногу пари, по речиси два милиони динари, добија телевизии кои не се од тој град.
„Конкурсот е распишан за пет милиони динари. На медиумите во Пријеполе им се доделени само 15% од средствата. Најмногу средства добија две телевизии – од Прибој и од Нови Пазар. Телевизијата од Нови Пазар дури нема ни дозвола за емитување на програма во општина Пријеполе. Со увид во проектот евидентирани се низа неправилности и ненаменско трошење на средства“, вели Милева Малешиќ.
Не беше лесно и едноставно да се запознае јавноста во Пријеполе со неправилностите. Локалната самоуправа, со многу противење, на крајот дозволи само увид во докментите од конкурсот на новинарот на телевизија Форум, но без можност да копира или да слика. Така се откри дека јавен интерес за граѓаните на Пријеполе, според одлуката на комисијата, била купување опрема за санџачката телевизија и финансирање на платите на вработените на телевизијата во Прибој.
„Конкуриравме со два проекта, за телевизијата и за порталот. Се однесуваа на медиумски содржини посветени на развој на земјоделството и туризмот и решавање на најважниот еколошки проблем со депонијата на брегот на Лима, која претставува еколошка бомба, не само за Пријеполе, туку и за градовите долж реката. Средствата во износ од 100.000 динари ги вративме, бидејќи не сакавме да дадеме легитимитет на незаконитостите во спроведувањето на конкурост“, вели директорката на ТВ Форум, Милева Малешиќ.
Анализата на спроведувањето на конкурсот покажува дека комисиите, главно, избираат исти членови, кои доажаат од здруженијата кои не се познати на пошироката и новинарската јавност, а кои Светозар Раковиќ од НУНС ги нарекува послушници.
„Тие стручни комисии имаат своја задача. Тие носат одлука и ги оценуваат медиумските проекти и никој не би смеел да ги промени нивните одлуки. Ниту претседател на општината, ниту градоначалникот, никој од средината која го распиша конкурсот. Затоа се избираат послушници. Ним им се даваат готови списоци, кои со своите потписи заверуваат нешто што е организиран криминален зафат“, рече Светозар Раковиќ.
Тања Максиќ од Балканската истражувачка мрежа вели дека се забележани два клучни проблеми во работтата на комисиите.
„Еден круг на проблемот е всушност транпарентноста. Вие не можете да влезете во трага на тоа како одлучувале комисиите, зошто дале пари токму на одредени медиуми, дали тие медиуми ги оправдале парите, дали ја произвеле содржнината на која се обврзале. Другиот сет проблеми е како ги бирате комисиите. Не постојат никакви критериуми и мерила врз чија основа можете да кажете ова е медиумски стручњак и тој може да одлучува за проектите, а овој другиот не е. Тоа, едноставно, е дискрециска одлука а оние кои ги распишуваат конкурсите и тогаш тие комисии се главно место на корупција. Но, вие немате никаква законска основа да кажете дека тука некаде законот е прекршен“, заклучува Тања Максиќ.
Особено е интересно што законот не предвидува никакви казни за воочените злоупотреби. Незадоволните медиуми единствено можат да покренат управен спор, на чие решение се чека во просек, една година, кога конкурсот е веќе поминат, а средствата поделени.