Масовен погреб на жртвите во терористичките напади во Шри Ланка

Првиот масовен погреб започна во Шри Ланка, каде денеска е ден и на национална жалост за жртвите од терористичките напади за време на католичкиот велигден.

Истовремено, полицијата соопшти дека бројот на жртвите во самоубиствените напади на црквите и хотелите се зголемил на 310.

Утринава во 8 часот и 30 минути по локално време, временскиот период кога била детонирана и првата од 6-те бомби , жителите на Шри Ланка со 3 минутно молчење им оддадоа почит на жртвите но и на над 500-тините повредени во страотните експлозии. Националните  знамињата на сите  институции беа спуштени на половина копје а жителите на Шри Ланка со наведнати глави и свеќи во рацете се молеа за жртвите.

Властите во Шри Ланка прогласија и вонредна состојба, во обид да спречат нови напади.

Безбедносните органи вината за терористичкиот чин ја лоцираа во една  локална џихадистичка организација , но се сомневаат дека во подготовката и реализацијата учествувале и терористи од странство.

Заради можна поврзаност со експлозиите, во притвор се 40 осомничени лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ