
Масакр во Мексико, убиени девет припадници на мормонската заедница, најмногу деца
Девет американски државјани – припадници на мормонската заедница на северот од Мексико се убиени во вооружен напад…Убиени се три жени и шест деца, меѓу нив и две 11-месечни близнаци. Другите деца се на возраст од 11, шест и 4 години. За грозоморното убиство сведочи само ова видео снимено со мобилен телефон. Зборува потресителен машки глас.
Ова да се забележи. Нита, и четирите мои внуци се запалени и застрелани
Роднините на убиените раскажуваат дека членови од семејството се поделиле во неколку возила и тргнале кон американската граница. Но, им била поставена заседа од нарко картел, кои почнале да пукаат кон комбето. А потоа, едно од возилото било запалено. Другите две возила се пронајдени неколку часа подоцна со безживотните тела на уште две жени и две деца. Во нападот се повредени уште седум деца, кои успеале да избегаат од нападот.. Шест од нив го нашле патот до дома, но едно девојче беше загубено во блиската шума. Пронајдена е и заедно со другите повредени деца се префрлени на американска тероторија. Мотивот на напаѓачите се уште не е познат, но полицијата соопшти дека е можно, убиството да е сторено по грешка. Вооружените напаѓачи наводно го помешале конвојот возила на семејството Ла Барон со возила од ривалски нарко картел. Ниту роднините не можат да претпостават, но низ плач велат дека убиствата на невини луѓе во Мексико повеќе не смеат да се толерираат.
- Не е само дека се затекнале на сред престрелка на погрешно место и во погрешно време. Ова е сосема друго ниво на насилство од картелите., вели роднината Тејлор Ландфорд.
Убијците не се задоволиле само со истреланите куршуми, туку возилото каде биле и четирите деца, меѓу нив бебињата на безбедносните седишта, го запалиле. Жртвите се дел од мормонското семејство, Ле Барон, кои во 19 век избегале од Америка, бидејќи се отцепиле од главната струја на мормонската црква, кога таа ги забрани полигамните бракови.
Сепак, со оглед на тоа што се американски државјани се очекува силен притисок од Америка врз Мексико да да ги сузбијат вооружените групи. Претседателот Трамп, порача дека „е дојдено време за Мексико, со помош на САД, да прогласи ВОЈНА на нарко картелите и да ги избрише од тлото на земјата“.
Изминативе недели Мексико е сведок на бран напади , кои се шокантни дури и за оваа земја која е погодена од долгогодишното насилство во пресметката меѓу нарко картелите.
Алиса Шутиноска