Макрон со нови предлози за реформирање на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон во отворено писмо до Европа предложи серија реформи за обезбедување на иднината на Унијата. Макрон предлага создавање специјална европска агенција за заштита на унијата и нејзините членки од сајбер напади како и забрана за странско финансирање на европските политички партии.

Тој исто така предложи и европска минимална плата, која ќе биде соодветна за секоја земја и која ќе биде догаварана на годишно ниво, отварање на европска климатска банка која ќе ја финансира трансформацијата во целосно обновливи енергетски извори и нула емитување на јаглеродните гасови до 2025 година.

Во писмото Макрон посочи и на потребата од гранични сили на унијата и заедничка азилантска политика за поголема безбедност на надворешните граници на унијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ