Макрон: Самитот на НАТО конструктивен

Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени вчерашниот самит на НАТО во Лондон за позитивен и конструктивен. Макрон сепак наведе дека стои зад неговата претходна оценка дека Алијансата е „мозочно мртва“, наведувајќи дека таа довела до дебата во НАТО за важни стратегиски прашања. „Кога има мраз, треба и мразокршачи“, изјави Макрон кој додаде дека е прерано да се каже дали сите сојузници се согласуваат околу идните приоритети на НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ