
Макрон ги повика Французите да учествуваат во дебата за клучните реформи
Францускиот претседател Емануел Макрон, во новогодишното обраќање до нацијата зборуваше 16 минути во напнат социјален контекст, при тоа сакајќи да покаже дека е одлучен и истовремено внимателен поради гневот што ја потресе Гранција.
Макрон оцени дека 2019 година ќе биде „решавачка година“ и ги повика Французите да учествуваат во националната дебата за клучните реформи во земјата и институциите.