Свет Макрон: ЕУ мора повторно да ја разгледа својата безбедност
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека мора да се разгледа европската безбедносна архитектура затоа што на Европската унија и се потребни стратешки односи, особено во сферата на одбраната за да се овозможи поголема стабилност.
„Постои националистичка визија и постои прогресивна визија, кои очигледно се судираат на миграциските, економските и некои други прашања. Постојат луѓе кои сакаат да ја разделат Европа, кои сакаап помала Европа, помала европска солидарност. И двете страни сме на иста линија, да ја зацврстиме Европа, но не наивна Европа, не сум наивен кога станува збор за одбраната, миграцијата или економските прашања“, вли Макрон.
Францускиот претседател смета дека Европа треба да преземе поголема одговорност кога станува збор за одбраната и не треба толку да се потпира врз САД за сопствената одбрана. Во тој контекст Макрон смета дека унијата може да направи повеќе преку подобрување на односите со Русија и Турција.
„Во тој контекст, мислам дека мораме да направиме целосно подобрување на нашите односи со Русија, повеќе од крајот на Студената војна. Понекогаш, продолжуваме со реакциите од двете страни, кои произлегуваат од грешки или недоразбирања во изминатите две декади и кои не спречија во целосното меѓусебно разбирање, какво што требаше да имаме“, вели францускиот претседател.
Макрон верува дека на Европјаните им е потребна Европа која ќе биде усогласен политички ансамбл, со поголема сувереност и која ќе ги заштитува своите граѓани. Задачата на прогресивните сили е да ги убедат своите граѓани дека нивната заштите не е прашање само на националните влади и нема да биде постигната преку уништувањето на Европа, оцени францускиот претседател.
Игор Трајков



