Макрон бара од Трамп да не повлекуваат американски трупи од Африка

Откако не успеа да го убеди Трамп да се повлече од напуштање на иранскиот нуклеарен договор, Макрон сега се обидува да го убеди да не ги повлекува трупите од Африка.

– Ако САД одлучи да се повлече од Африка, тоа е лоша вест за нас, рече францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со претставниците на земјите од Сахел – Буркина Фасо, Чад, Мали, Мавританија и Нигер.

Тој додаде дека би сакал да го убеди Трамп дека борбата против тероризмот се одвива и во тој регион. Американските воени претставници минатата недела посочија дека САД можат да го намалат присуството во Африка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ