
Брестовац, Георгиевски, Стоилов: Ова беше тежок натпревар и решаваа нијанси – да се одмориме и одиме на победа против Австрија
Репрезентацијата на Македонија загуби од Чешка со резултат 27:25 во вториот натпревар на ЕП во Виена. И покрај тоа што на полувреме имавме водство од два гола (11:9), не успеавме истото да го одржиме и во второто полувреме.
Неколкуте резултатски серии на репрезентацијата на Чешка во второто полувреме значеа дури и четири гола предност за нив во некои моменти.
Слабо влеговме во второто полувреме. Ова беше тежок натпревар, но сепак слабо влез имавме во второто полувреме и згора на тоа ни исклучија игра. изјави селекторот Брестовац.
Ништо не е загубено, очекувавме ваков меч. Нијанси решаваа, ние се боревме до самиот крај, не можеме да кажеме дека не се боревме. За два дена не чека нов противник, треба да бидеме позитивни, оптимистички настроени. Треба да се одмориме денес, па ако можеме да ја победиме и Австрија. изјави репрезентативецот Георгиевски.
Има уште еден натпревар, ние имаме шанси. Денес промашувавме, тие даваа голови и тоа е тоа. изјави репрезентативецот Стоилов.
Сепак, натпреварот влезе во неизвесна завршница, но противникот ја обезбеди победата со исклучителната ефикасност во второто полувреме кога постигна 18 голови.
Иако Македонија запиша пораз, најдобар стрелец на натпреварот е капитенот Кире Лазаров со 11 погодоци.
Нашата репрезентација пласман во следната фаза од првенството ќе бара во последниот натпревар од групната фаза во вторник против домаќинот Австрија.