
Мајк Пенс го предупреди Ким Џонг-ун да не се обидува да го изиграТрамп
Потпретседателот на САД Мајк Пенс го предупреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да не се обидува да го „изигра“ американскиот претседател Доналд Трамп, ако двајцата се сретнат на планираната средба на 12 јуни. Во интервју за телевизијата „Фокс”, Пенс вели дека За Ким Џонг-ун ќе биде голема грешка ако мисли дека може да изигра Доналд Трамп..
Американската администрација стравува дека средбата може да се покаже како срамен неуспех за Трамп, ако тој не успее да ја натера Северна Кореја да го прекине своето нуклеарно вооружување.
Северна Кореја минатата недела соопшти дека ќе се откаже од средбата, ако САД се залагаат за нејзина безусловна целосна денуклеаризација.