
Мадуро ја затвори границата со Бразил
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди затварање на границата со Бразил за да ја спречи доставата на хуманитарна помош. Мадуро исто така објави дека размислува и за затварање на границата со Колумбија за да го спречи оркестрираното шоу на опозицијата и САД.
Потегот на Мадуро доаѓа откако опозицискиит лидер Хуан Гуаидо и неговите подржувачи во Бразил и Колумбија започнаа со собирањето хуманитарна помош за Венецуела.
Јужноамериканските држави кои го подржаа Гуаидо собраа неколку тони храна и лекови во бразилскиот град Пакараима но конвојот беше блокиран од венецуелската армија. САД од друга страна хуманитарната помош ја собираат на холандскиот остров на Карибите Куракао, но Мадуро го затвори пристаништето и карго аеродромот во Каракас и најави дека 300 хуманитарна помош во земјата ќе пристигне од Русија.