ЛУЃЕ БЕЗ ЗЕМЈА
Шеесет години по граѓанската војна во Грција и протерувањето на македонското население, филмот прави сеопфатен приказ на историските и политички околности кои доведоа до војната и последиците од неа, особено за Македонците од Грција. Базиран е на вистинска приказна на Вера Фотева и голготата низ која таа минува, а содржи и ексклузивни интервјуа со неа. Во документарецот е користен автентичен архивски материјал од двете земји.
Режија: Марко Ѓоковиќ; Улоги: Вера Фотева, Верица Недеска, Емил Рубен