Либан ќе се спротистави на каква било „агресија“ од Израел

Врховниот совет за одбрана на Либан издал наредба до армијата да се спротистават на каква било „агресија“ од Израел преку копнената или морската граница на државата.

Во соопштението не се дадени детали, но се совпаѓа со есклација на тензии меѓу двете соседни држави, кои немаат склучено мировен договор и во пракса се во состојба на војна.

Во центарот на спорот е експлоатација на морско наоѓалиште за природен гас и нафта, каде се наоѓа нивната морска граница. Либан протестира и поради намерите на Израел да изгради заштитен ѕид на копнената граница меѓу двете држави. Израел се надева на меѓународно посредништво за спорот со Либан за наоѓалиштето за гас и нафта.

Либанскиот претседател Мишел Аун, премиерот Сад ел-Харири и претседателот на Парламентот Набих Бери, во вторникот го обвинија Израел дека претставува закана за стабилноста на границата меѓу двете земји.

Тројцата либански лидери се согласија дека ќе го запрат Израел во намерата да изгради ѕид на либанска територија, на границата меѓу двете земји. Израел, меѓутоа, тврди дека изградбата на ѕидот ќе биде на нивна територија, а не на либанска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ