Лето на рекордно високи температури

Речиси 400-тини рекордно високи температури биле поставени ова лето во северната хемисфера, според анализите на метеоролозите.

Од први Мај до 30-ти Август,  температурни рекорди биле поставени во 29 држави во светот.

Речиси третина од највисоките температури се регистрирани во Германија, Франција и Холандија. Според анализите на Калифорнискиот климатски институт Беркли, во текот на летото имало 1200 случаи кога во населени места во северната хемисфера биле регистрирани најтоплите денови во историјата во конкретните месеци .

Податоците вклучуваат измерени температура од метеоролошки станици кои таа работа ја вршат најмалку 40 години.

Ова лето беше исклучително жешко во Европа, каде во повеќе држави беа измерени највисоките температури во историјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ