Лавров со предупредување до САД: Не си играјте со оган

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика САД „да не си играат со оган“ во Сирија и да прават одмерени чекори во врска со сирискиот народ и регионот во целина.

Лавров ова го изјави на отворањето на конференцијата на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“ насловена како „Русија на Блискиот исток: Игра на сите полиња“.

– Уште еднаш ги повикувам нашите американски колеги да не си играат со оган и да прават одмерени чекори, не врз основа на непосредни потреби на политичкото опкружување, туку пред се врз основа на долгорочни интереси на сирискиот народ и сите народи во регионот, вклучувајќи ги и Курдите, се разбира, рече Лавров.

Тој нагласи дека Русија со стравување ги гледа обидите на САД да ги остварат „плановите за поделба на Сирија“, додавајќи дека тие стравувања се поради акциите на Вашингтон на поширока сириска територија источно од реката Еуфрат до границите со Ирак и Турција.

Лавров ги нарече обиди за шпекулација медиумските написи за смртта на стотици руски платеници во војната во Сирија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ