Курц формираше влада со екстремната десница

Eкстремна десница влезе во австриската влада, откако синоќа беше постигнат коалициски договор меѓу Народната партија на Себастијан Курц и екстрамната Партија за слобода. Деталите околу постигнатиот договор за формирање на коалициската влада не се познати, но една од клучните заложби и на двете партии во изборната кампања беше насочена против имиграцијата. Лидерите на двете партии Курц и Хајнц Кристијан Штрахе денеска му го презентираа постигнатиот договор на претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, кој потоа само кратко изјави дека трите страни се договориле да продолжат да работат на развој на Европската унија.

„Во разговорите, меѓу другото, се договоривме дека е во национален интерес на Австрија да остане во центарот на силна Европска унија и активно да учествува во идниот развој на Унијата“, изјави Александер Ван дер Белен, претседател на Австрија.

По окончувањето на двомесечните преговори за формирање на новата австриска влада, сега најмладиот премеир во светот, Себастијан Курц, изјави дека е среќен од постигнатиот договор.

“Ние имаме силен тим. Што се однесува до мојот дел од тимот 50 процетни од него ќе бидат жени. Две третини од предложените кадровски решенија се експерти кои ќе донесат многу знаење во високите политички позиции. Разговаравме и за предлозите на тимот на Штрахе“, изјави Себастијан Курц, лидер на Народната партија.

Првичниот коментар на Штрахе по договорената коалиција беше дека гласачите им дале јасен мандат, пред се да се грижат за нивната безбедност.

„Се работи за одговорност кон нашата прекрасна Република Австрија. И се работи за обезбедување на добра соработка за иднина. Сега ќе ги дискутираме резултатите од преговорите и предлозите з аминистри, кои му ги презентиравме на претседателот и на партиските одбори“, рече Хајнц-Кристијан Штрахе, лидер на Партија на слободата.

Партијата на Курц победи на изборите на 15 октомври со 31,5 проценти освоени гласови, со ветување дека ќе биде строг кон имиграцијата и ќе ги намали даноците.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ