Курц: Бродови со мигранти да не се пуштаат во Европа

Австрискиот канцелар Себастијан Курц апелира да не се дозволува бродови со мигранти да стигнат до Европа.

И додека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека ќе ги врати мигрантите директно во Либија, ако другите земји-членки на ЕУ не сакаат да ги прифатат, Курц се изјасни дека на бродовите што доаѓаат од Африка не смее да им се дозволи да впловат во земјите-членки на ЕУ.

Курц, по телефонскиот разговор со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, пренесе дека постои согласност на бродовите со бегалци да им се оневозможи да стигнат до Европа.

„Тие бродови треба да се сопрат веќе на надворешната граница на ЕУ и мигрантите се вратени во земјата на потекло или безбедно трета земја на африканското копно“, побара тој.

Курц рече дека тој и неговиот малтешки колега го делат истиот став дека не секој брод може да вплови во ЕУ. Другите земји-членки на ЕУ, според него, не треба да дозволат бродови од Северна Африка да впловуваат во Унијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ