
Курти го информира Брисел за намерите да го обнови дијалогот со Србија
Косовскиот премиер Албин Курти им упати писма на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и на високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Хозеп Борел, во кои ги информира за чекорите што планира да ги преземе неговата влада во правец на укинувањето на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.
Исто како и во писмата упатени пред три дена до претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, Курти и на Фон дер Лејен и на Борел им ги објаснува чекорите кои ги најави минатиот четврток, а кои треба да водат кон целосно укинување на таксата, прекин на непријателските дејствија од страна на Србија кон Косово и обновување на дијалогот Приштина – Блеград до постигнувањето конечен договор.
– Од 15 март ќе започнеме со укинување на таксата на стоките од Србија и БиХ која беше воведена од претходната Влада. Првин ќе се повлечат таксите за сировините. Ова е израз на нашата добра дипломатска волја и на нашите заложби за обновување на дијалогот со Србија. Се надеваме дека на нашите дејствија ќе биде реципрочно возвратено од Белград, од кого очекуваме да ги отстрани сите бестарифни бариери во трговијата со Косово, како и да ја прекине кампањата за повлекувања на признавањата на Косово, пишува косовскиот премиер.
Тој очекува од Брисел, како и од САД, да создадат „мониторир
Курти очекува продлабочување на соработката и интегрирање на Косово во ЕУ и се заблагодарува на Брисел за „постојаната поддршка за Република Косово во нејзините напори да воспостави владеење на правото и да обезбеди економски развој и добро владеење“.