Културните институции во голема загуба поради КОВИД 19

Додека во некои европски земји музеите и галериите беа првите кои ги отворија своите врати за посетителите под одредени правила во време на Ковид 19, кај нас тие беа меѓу првите кои ги почитуваа мерките за затворање на одредено време, нудејќи ги визуелните прошетки.

Сега веќе се прашуваат кои се приоритетите во редоследот по кој се враќа само навидум животот во нормала кај нас. Во меѓувреме и тие трпат загуби.

Една од најголемите загуби е посетеноста. Бидејќи ние освен што ги имаме финансиите од Министерствотио за култура за реализација на активностите, ние ги имаме и тие приходи што се од продажбата на влезниците, книгите и големата издавачка дејност. И секако од реквизитите на галеријата, вели директорката на националната галерија на РСМ, Дита Старова Керими.

Програмскиот колегиум на МКЦ достави свој предлог документ за мерки во претходна консултација со други градски културни установи за како да се однесуваме во тој момент и што по тие мерки.

Загубите ако мислите на финансиски загуби секако дека се големи и сето ова што го правиме како онлајн активност сепак нашите буџети се така програмирани што освен што се финансираме од јавни средства голем број од проектите ги финансираме и од нашите приходи. За жал тие сопствени приходи ги немаме повеќе, тврди в.д директорот на МКЦ, Русе Арсов.

Шилегов се надева дека наскоро надлежните институции ќе дадат зелено светло и градот ќе почне да пулсира со сите културни настани па макар под одредени правила.

Ние како град Скопје до Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство дадовме протокол за движење во Музејот на град Скопје, доколку ме прашувате за определени манифестации кои дозволуваат да бидат изведувани  од страна на МКЦ и на КИЦ, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Во меѓувреме Министерството за култура формираше Работна група која е во фаза на изготвување предлози за отпочнување со работа на установите од областа на културата, кои ќе послужат како основа за изготвување барање за протокол на работа во услови на жкриза  која ги предизвика КОВИД19, почитувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести при Институтот за јавно здравје во насока на заштита на здравјето на граѓаните.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ