Кризата во Венецуела го дели општеството низ сите слоеви

Иако од надвор се чини дека ситуацијата во Венецуела е прилично едноставна, тоа не е случај. Целокупното општество е поделено меѓу опозицијата подржана од САД и претседателот Мадуро. Протести и насилство се секојдневна глетка низ поголемите градови во земјата каде кризата го доведе народот до просјачки стап. Економско политичката криза во Венецуела не штеди никого.

Еден од критичарите на Мадуро, кои ги има многу, е и католичкиот свештеник Хектор Лунар. Неговата црква во населбата Петаре во Каракас, еден од најсиромашните квартови во Јужна Америка, деновиве е под опсада од подржувачите на Мадуро, кои сметаат дека свештеникот претерал со својот политички ангажман.

„Го користи изговорот дека е свештеник и носи расо, но нема никакво право да биде на улица и промовира протести, тероризам и да повикува на воена итервенција. Можеби кога „грингосите“ ќе нападнат бомбите ќе ги убијат само чавистите?,“ вели Абрахам Апарисио – претседател на општината Сукре и подржувач на Мадуро

Во сиромашниот Петаре во венецуелската престолнина, Лунар вели дека не ја користи црквата за да шири политички пораки, но мора да зборува за проблемите на неговите парохјани.

„Но некогаш морам да зборувам за социјалните проблеми во државата. На пример случаите на сите загинати луѓе во протестите. Како да не зборувам за тоа? Имам проповедничка работа и морам да ги осудам нештата кои се погрешни,“ Хектор Лунар – Свештеник во Каракас

Подржувачите на Мадуро не се среќни од неговата проповедничка работа. Едно утро кога Лунар пристигнал во црквата, на вратата го дочекале плакати на кои пишувало Хектор Лунар – педофил – терорист. Но граѓаните од Петаре застанале во негова одбрана, знаејќи дека кампањата доаѓа од симпатизери на Мадуро.

„После се тоа почнува серијата напади против свештеникот, затоа што свештеникот беше конзистетна личност која одржа водечка позиција во заедницата, затоа што покрај тоа што свештеникот е религиозен, тој е и човек и Венецуелец. И тој е повреден од се што се случува во нашата земја и пред се во нашата општина, затоа што работи тука,“ Катиуска Камарго – жител на Петаре

Кофликтот во сиромашната населба во Каракас ја отсликува и улогата која Католичката црква ја има во венецуелското општество, но и разликите кои постојат меѓу локлното свештеништво и Ватикан. Венецуелските епископи кои секојдневно ги гледаат страдањата на граѓаните, повикаа на бојкот на минатите претседателски избори, додека Папата Франциско испрати претставник на Ватикан на инаугурацијата на Мадуро.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ