
Кралот на Тајланд Рама X се самоизолирал во германски хотел со придружбата која сочинува и 20 конкубини
Контроверзниот тајландски крал Маха Вајиралонгкорн се самоизолирал во луксузен хотел во Гармиш-Партенкирхен на Алпите, заедно со придружбата.
Сите хотели во тој регион беа затворени поради коронавирусот, но портпаролот на локалниот дистрикт изјавил дека „Grand Hotel Sonnenbichl“ е исклучок бидејќи „гостите се хомогена група луѓе кои никаде не излегуваат“.
Кралот всушност не побегнал од својата земја заради ширењето на коронавирусот, туку се затекнал во Германија во екот на пандемијата, па очигледно одлучил засега да не се враќа во својата татковина.