Кралицата Елизабета и сопругот Филип се повлекуваат во замокот Виндзор во самоизолација

Кралицата Елизабета (93) и нејзиниот сопруг Филип (98) отпатувале во замокот Виндзор. Тие го поминуваат Велигден секоја година таму, а сега го почнуваат одморот малку порано. Одлуката ја донеле по неколку дена размислување што да направат за да го заштитат своето здравје во време на пандемија на коронавирусот.

Таа ѝ се обрати на нацијата од својата резиденција во Виндзор.

„Филип и јас пристигнавме во Виндзор, знаеме дека претстои тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се многу загрижени за здравјето. На сите ни е советувано да го промениме своето вообичаено секојдневие и да се приспособиме на новата ситуација. Ние треба да го заштитиме нашето здравје и да мислиме на другите, целата наша заедница, а особено на најранливите. Многумина од нас ќе треба да најдат нови начини да останат во контакт со најблиските и семејствата и да ги чуваат безбедни од опасност. Убедена сум дека сме подготвени за овој предизвик. Можете да бидете уверени дека моето семејство и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога во целата оваа работа“, се наведува во официјалниот профил на кралското семејство на „Инстаграм“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ