
Катимерини: Коѕијас поднесе оставка
Министерот за надворшени работи, Никос Коѕијас, поднесе оставка бидејќи не добил доволно поддршка од премиерот Алексис Ципрас во кавгата која вчера ја имал со министерот за одбрана, Панос Каменос за Договорот од Преспа-пишува грчкиот весник Катимерини . Една од причините за оставката според весникот е што премиерот Ципрас не го заштитил кога Каменос за злоупотреба на фондовите на Министертвото за внатрешни работи . Информацијата за заканата од Коѕијас објавена во сите грчки медиуми, денеска беше демантирана од портпаролот на владата Димитрис Ѕанакопулос, според кого се работи за шпекулација. „Поракта на премиерот беше јасна и пратена до сите. Возот на владата се движи напред и ќе стигне на целта. Секој што не сака да стигне на таа дестинација или секој што е вознемирен на тој пат може да се симне од возот. Министерот за надворшени работи редовно контактира со премиерот и ако сака да му каже нешто ќе му каже диретно. Не знам од каде се овие информации“, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада. Според информациите во грчките медиуми Коѕијас бил многу лут поради тоа што тој треба да ја спроведува политиката на владата по прашањето за Македонија, додека Каменос го поткопува тоа и за возврат е награден со ручек во релаксирана атмосфера со Ципрас. Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми.