Ковид-19 ја однесе првата жртва во Белгија, во Лондон уште еден пратеник во самоизолација

Белгиските власти го потврдија првиот смртен случај од новиот коронавирус, ковид-19, во земјата.

Станува збор за 90-годишен пациент хоспитализиран во Брисел.

-И покрај сета медицинска нега, денеска почина 90-годишен пациент, изјави министерката за здравство, Маги Де Блок.

Белгија сѐ уште се наоѓа помеѓу втората и третата фаза на безбедност во однос на пандемијата, трите региони не успеваат да се усогласат за мерките.

Додека Брисел и Валонија преземаат построги мерки како откажување на собири со повеќе од илјада лица во затворени простори, властите во северниот регион Фландрија стравуваат пред сѐ за економските последици од таквите мерки.

Во меѓувреме, во Велика Британија уште еден пратеник е во самоизолација. Станува збор за пратеничката Рејчел Маскел, од Јорк, која на Твитер напиша дека здравствените власти и препорачале да се стави во самоизолација, откако била на состанок со минисерката за здравство Надин Дорис, минатиот четврток, а која од вчера е заболена со корона вирусот. Пратеничката Маскел вели дека нема симтоми, но останува во домашна изолација почитувајќи ги препораките.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ