(видео)Коца: Се трага по 30 луѓе затрупани под урнатините во Турција, бројот на жртвите може да се зголемува
Бројот на загинати од силниот земјотрес што го потресе источниот дел на Труција изнесува над 20, а повеќе од 1.000 лица се повредени.
Спасувачките екипи ја продолжија потрагата по околу 30 лица кои се затрупани под урнатините на зградите во провинцијата Елазиг и соседна Малатија, соопшти министерот за здравство Фахретин Коца.
Тој предупреди дека бројот на загинатите може да се зголеми.
Вработените во итни случаи и безбедносните сили дистрибуираат шатори, кревети и ќебиња бидејќи температурите во текот на ноќта падна под нулата во погодените области.
Училиштата, спортските сали и студентските домови се отворени за стотици луѓе кои ги напуштија своите домови по земјотресот.
Земјотресот со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на Турција вчера во 20:55 часот по локално време на длабочина од 6,7 километри во близина на Сиврице.
Потоа следуваа 228 земјотреси, најсилните со магнитуди 5,4 и 5,1 Рихтери.