Косовскиот парламент денеска гласа за трансформација на безбедносните сили во војска

Косовското Собрание денеска треба да ја одржи седницата на која ќе се изгласаат законите за трансформација на Безбедносните сили во Oружени сили на Косово. Сите пратенички групи на партиите на косовските Албанци, како и пратениците на другите несрпски заедници, објавија дека ќе гласаат за законите, а безбедносните сили веќе имаат најавено церемонија со која ќе ја прослават трансформацијата во војска.

Категорично против формирањето војска се десетмината пратеници на партијата на косовските Срби, Српската листа, како и официјален Белград, кои тврдат дека тие сили се насочени против српската заедница во земјата, како и дека ќе го загрозат мирот во регионот.

Отворена поддршка на формирањето војска на Косово изразија Вашингтон и Лондон, како и командантот на НАТО, Џејмс Фого, кој во средата во Скопје изјави дека тоа е суверено право на Косово.

Против се изјаснија неколку членки и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кој рече дека одлуката на Приштина е избрзана.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ