
Косовската полиција демантира дека има барање за апсење конкретна личност за убиството на Ивановиќ
Заменик командирот на полиција за северниот дел на Косово,Бесим Хоти,ги отфрли информаците дека за убиството на Оливер Ивановиќ ќе биде уапсен Милан Радојчиќ,додавајќи дека „полицијата ќе делува во согласност со барањата на државното обвинителство“.
– Никој не кажал дека ќе биде уапсен (Милан Радојчиќ). Во никој поглед нема да се мешаме во работата на обвинителството. Истражните полициски екипи работат во согласност со авторизација на Обвинителството,- изјавил Хоти за порталот Индексонлајн.
Тој додава дека безбедносните служби од никаков аспект не сакаат да шпекулраат и да преудицираат во случајот.
Претходно порталот „Арбреш“,повикувајќи се на неименуван извор од Обвинителството јави дека постојат сомненија оти убиството го извршила групата на Милан Радојчиќ „кој има добри односи со раководството на Србија“.
Според истиот извор автомобилот „Oпел“ од кој било пукано неколкупати бил виден паркиран на местото каде биле паркирани другите автомобили на Радојчиќ,додека два дена пред убиството на Ивановиќ,две лица,чиј идентитет не се соопштува биле во канцеларијата на Радојчиќ.