Косово остана без влада

Косовските пратеници со 82 гласа ЗА и 32- ца против и еден воздржан ја урнаа владата на актулениот премиер Албин Курти. Гласањето недоверба следуваше по 11 часа дискусија во параламентот. Иницијативата за недоверба е поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, кој беше коалициски партнер во Владата. Се бараше разрешување на Владата за две прашања: неукинување на данокот на стока од Србија и БиХ што е поврзано наводно со уништување на односите со Соединетите држави, како и отстранување на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни работи по спорот околу тоа дали да се прогласи вонредна состојба за борба против коронавирусот. По, бурната ноќ во парламентот реагираше и Курти.

Доскорешниот министер за внатрешни Велиу ги поддржа повиците на косовскиот претседател Хaшим Тачи за воведување вонредна состојба. Курти, пак,  ваквата мерка ја оцени како драстична и го отповика министерот Велиу по што следеше барањето за недоверба на неговата влада. Првиот потег на Курти како в.д. премиер, веднаш откако Собранието му изгласа недоверба на неговиот кабинет, одлучи да го разреши од должноста првиот потпретседател на Владата Авдулах Хоти. Тој е член на раководството на Демократкиот сојуз на Косово, партијата на чија иницијатива доцна синоќа Собранието со мнозинство гласови му изгласа недоверба на Курти и неговата Влада.  Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, по синоќешното разрешување на вицепремиерот од редовите на неговата партија Авдулах Хоти од страна на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, изјави дека нема да ги повлекува другите министри на ЛДК од Владата во оставка. Мустафа преку објава на Фејсбук порача дека нема еднострано да ги повлекува членовите на кабинетот на Курти од редовите на ЛДК во време на пандемија на коронавирусот.

„Во време кога се соочуваме со пандемија на Ковид-19, како претседател на ЛДК нема еднострано да ги повлекувам министрите и замениците министри на ЛДК од нивните задачи во Владата во оставка, напиша Мустафа.

Тој додаде дека тие ќе продолжат да ја вршат работата до изборот на нова влада, а на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), премиерот во оставка Курти, е да одлучи дали ќе продолжи да работи со нив.  Политичките аналитичари продолжуваат остро да ја критикуваат иницијативата за недоверба против Владата на Курти од страна на ЛДК и поддржана од опозициските политички субјекти, со аргумент дека оваа Влада сè уште не го исполнила својот 100-дневен датум по изборот изборот.  Премиерот Курти нанижа обвинувања откако само делумно ги отстрани тарифите за царсинките забрани кон Србија и БиХ што ги натера Соединетите држави да ја запрат помошта од 50 милиони долари. Останува нејасно како владата ќе ја продолжи работата, бидејќи земјата не може да одржи предвремени избори заради ширењето на коронавирусот.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ