Коронавирусот се прошири и во Африка

Новиот коронавирус се прошири и во десетина земји во Африка, каде се инфицирани 2.650 луѓе, од кои 49 починаа, соопшти Светска здраствена организација (СЗО).

„СЗО  е подготвена да ги поддржи сите земји во борбата против вирусот“, изјави генералниот директор на Организацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој додаде дека државите со послаби здраствени системи мораат агресивно да постапат за да го сузбијат ширењето во почетна фаза и да спречат локална трансмисија на новиот коронавирус.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ