Корбин: Не е прашање дали, туку кога Лабуристичката партија ќе се обиде да предизвика предвремени избори

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави дека прашањето не е дали, туку кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на Владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори. Според Корбин, таков исход ќе биде неизбежен доколку премиерката Тереза Меј не ја добие поддршката од Парламентот за својата политика околу прашањето за Брегзит.

Следните редовни избори се во 2022 година, но може да има и предвремени доколу Меј не успее да ја потребната подршка за договорот со Брисел.

Минатата недела Корбин изјави дека доколку победи на евентуални предвремени избори следната година ќе го продолжи патот на Брегзит, но ќе се обиде да ги предоговори условите за излез од ЕУ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ