Концерт за здравствените работници кои се борат со корона вирусот

Некои од најголемите музички имиња се обединија за да им оддадат признание на здравствените работници во целиот свет со концерт на социјалните мрежи. Лејди Гага, Стиви Вондер, Пол Макартни, Рита Ора, Андреа Бочели, се меѓу стотината уметници кои настапија од своите дневни соби. Ролинг стоунси дури свиреа заедно, секој од својот дом. Музичкото шоу што трае осум часа прикажува и вистински приказни за сите кои се на првите борбени линии против Ковид 19. Со ова сакаме да ви возвратиме барем малку на вашата пожртвуваност, им порачаа уметниците.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ