
Конте поднесе оставка, Италија во се подлабока политичка криза
По жестокиот напад врзс својот коалициски партнер Салвини, италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка. Конте го обвини челникот на десничарската партија Лига, актуелниот министер за внатрешни Матео Салвини, за неодговорност бидејќи ја раскина владината коалиција за како што вели Конте лични и партиски интереси. Салвини и Конте за многу нешта не се согласуваат изминативе 14 месеци, колку што трае оваа коалиција. Конте не ги поддржува националистичките и десничарски сфаќања на Салвини, а чашата ја прелеа ситуацијата со мигрантите од бродот Опен Армс, кои во лоша здравствена состојба чекаа на одборување од Салвини да влезат на италијанска територија. Салвини под притисок на крај се согласи да дозволи влез на 27 тинејџери, но ова беше неговата црвена линија, и тој денеска ја раскина коалцијата. И најави гласање на недовреба на владата, но премиерот Конте, излезе со својот став.
- Одлуката на Лигата, што побрзо во Сенатот да бара гласање за недоверба, како и изјавите и однесувањето во изминативе неколку дена, ми налагаат да го прекинам ова владино искуство, рече премиерот Конте.
Пред Сенатот, Конте рече дека Салвини, кој пак седеше до него, има за цел да се врати на предвремени избори, откако неговата партија на европските избори во мај освои 34% од гласовите , наспроти 17-те% на движењето Пет ѕвезди. По овој успех, Салвини најви дека продолжува сам, со надеж дека ќе ја искористи вице премиерската функција како платформа за неговата антимигранска, евро-скептична агенда. Салвини се надева дека октомври ќе биде неговиот месец.
- Се надевам дека Италијаните ќе гласаат што е можно побрзо. Се надевам оваа полемика нема да се влече со недели, секој од нас го направи својот избор. Дозволете им на Италијаните да гласаат побрзо, бара Салвини.
Она што сега следува е претседателот Серџо Матарела да го замоли сепак Конте да најде алтернативно мнозинство во парламентот, или да ја прифати неговата оставка, и да се види опцијата дали некој друг лидер може да направи новаа коалција. Ако не успее Матарела ќе треба да распише превремени избори во октомври. Движењето Пет ѕвезди, на чиј предлог Конте дојде како премиер, вели дека не се плаши од нови избори.
Сепак, Италија економски се подлабоко тоне. Државата мора да ги намали своите долгови и да ги санира банките. А владата со радикалните десничари, на чело со Салвини, кој нема конкретна финансиска политика, е посебно проблематична за Европската унија. Посебно фактот што тој за еконосмката криза ја обвинува ЕУ, и Германија. Медиумите потестуваат дека Салвини има намера да ја напушти еврозоната, ако стане нов премиер. Салвини негира, иако овој чекор беше запишан во партиската програма на неговата Лига.
Алиса Шутиноска