
Конте останува премиер на Италија
Италија се спаси од нови предвремени избори, кои би ја продлабочиле кризата. Опозициска Демократска партија, се согласи да формира коалициска влада со движењето Пет Ѕвезди. Претседателот на Демократската партија, Никола Цингарети на средбата со претседателот Серџо Матарела се согласил да го прифати кандидатот на Движењето, Џузепе Конте, за премиер. Поранешните „лути противници“ – Демократската партија и Движењето Пет ѕвезди започнаа преговори за формирање коалиција откако се распадна сојузот меѓу Движењето и „Лига“, предводена од Матео Салвини.
Се уште актуелниот министер Салвини, соопшти дека е изненаден од оваа одлука. Предупреди дека новата колација нема да владее вечно, бидејќи немаат што да и понудат на Италија, а единственото нешто што ги држаи заедно е омразта кон неговата партија Лига.