Конте: Мерките не се доволни, подготвени сме повторно да интервенираме

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека Владата е подготвена повторно да интервенира бидејќи досегашните мерки не се доволни да ги поддржат фирмите и домаќинствата погодени од епидемијата со новиот коронавирус.

Досегашните мерки не се доволни. Штетата предизвикана од коронавирусот ќе биде сериозна и голема. Потребен ни е прав план за реконструкција, изјави Конте во интервју за „Кориере де ла сера“.

Тој додаде дека мора да се сменат правилата за трговија и за слободен пазар.

Претходно, италијанската Влада соопшти дека економската поддршка ќе изнесува 25 милијарди евра, а се очекува на денешната седница да бидат одобрен нови мерки за поддршка на компаниите и за семејствата.

Конте потенцира дека се неопходни понатамошните забрани, но оти е важно стриктно да се почитуваат.

Италија е втора најзагрозена земја во светот по Кина, каде се појави новиот коронавирус.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ