Конте: Германија и Франција не исмејуваат, нема да молчиме

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Германија и Франција ги исмеваат Италија и Европската унија со договорот на овие две земји чија цел е Германија да добие постојано место во Советот за безбредност на ОН, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Тие исклучително мислат на сопствените национални интереси, ја цитира весникот изјавата на Конте.

Лидерите на Франција и Германија во вторникот потпишаа нов договор порачувајќи дека приоритетот на германско-француската дипломатија е Германија да биде прифатена како постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Секако нашите сојузници не можат да сметаат на тоа дека ние ќе седиме и ќе молчиме и ќе гарантираме за одлуките кои ги донеле други, рече Конте.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ