Конте формираше нова влада во Италија

Премиерот на Италија, Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција на популистичкото движење Пет Sвезди и Демократите од левиот центар, објавија денеска од италијанското претседателство.

Во новата влада нема претставници од партијата на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната влада.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести претседателот дека успеал да го стори тоа.

Првата 14-месечна влада на Конте падна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ