
Конгресот бара од Помпео документи поврзани со Украина- Волкер си поднесе оставка
Три комитети на Претставничкиот дом на Конгресот, предводени од демократите, издадоа судска покана за државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во обид да го принудат да ги предаде документите поврзани со контакти со украинската Влада.
Тоа се комитетите за надворешни и разузнавачки работи, како и Надзорниот комитет, кој исто така закажа расправи за петмина функционери на Стејт департментот во текот на следните две недели.
Меѓу нив се поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мери Јованович, амбасадорот Курт Волкер, американскиот специјален претставник за Украина и американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сандленд.
Волкер веќе поднесе оставка но, Стејт департментот се уште не се изјаснил. Името на Волкер се споменува во пријавата на „свиркачите“ од разузнавачката заедница, објавена во четвртокот, во која за него се вели дека се обидел да ја „намали штетата“ на напорите на адвокатот на Доналд Трамп, Руди Џулијани, да изврши притисок врз Украина да ги испита демократите. Волкер работеше како претседателски специјален претставник за Украина од 2017 година, не работел со полно работно време и не бил платен за тоа. Адвокатот на Трамп одрекува дека во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски станало збор за некаква воена помош
- Претседателот не направил ништо лошо. Претседатело не направил ништо погрешно. Кога го гледате разговорот, нема закани, нати го дај ми го. Не се спомнуваат пари. Ако сакате нешто да протолкувате не можам да ве спречам да го направите тоа, тоа се вика целосна измислица. Или е или не е или не е таму. Не се плашам од тоа, дали имам страв дека демократите би можеле да гласаат за нешто, вели Руди Џулијани, адвокат на Трамп.
Но архивата од пред точно една години чува изјава во која Волкер отворено зборува за отвореноста за САД за воената соработка со Украина.
- И ние сме подготвени да седнеме со Украина и да разгледаме кои се нивните потреби, тие можат да купат работи преку нашата странска воена продажба. КОнгресот го усвои финансирањето на стариот воен начин, така што со тоа ќе се занимаваме во текот на понатамошната соработка и да ги пополниме празнините во она што може да и биде од корист на Украина за зајакнување на своите одбрамбени способности, изјави Курт Волкер, специјален претставник на САД во Украина (15 септември 2018).
Демократите во Претставничкиот дом, кои спроведуваат истрага за отповикување на американскиот претседател, побараа од Волкер да сведочи пред Конгресот во врска со телефонскиот повик од 25 јули во кој Трамп го охрабрува претседателот на Украина да го истражи неговиот потенцијален претседателски ривал Џозеф Бајден.
Цели 45 години после аферата Вотергејт и 20 години после секс скандалот на Бил Клинтон импичментот е повторно актуелен во Вашингтон. Прашање е дали овој обид на демократите да го симнат Трамп од власт ќе ја засили националистичката политика или ќе заврши со оставка како во предходните два случаја.
Билјана Ставрова